Пелистер го промовира Кисум: Едвај чекам да заиграм, слушнав многу убави работи за Битола!

Ракометниот вицепрвак на Македонија, Пелистер го промовираше денеска новото свое засилување на левата бековска позиција, Каспер Кисум, откако данскиот интернационалец ги мина лекарските прегледи.

Кисум (30) во Пелистер доаѓа од Сондерјиске и попладнево првпат тренираше, а ќе дебитира викендов во пресметката со Бутел на стартот на Суперлигата.

- Реклама -