„Кога срцето ти пее, а душата игра“, стои во описот на видеото објавено на социјалните мрежи, а на кое се гледа лидерот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети, како се весели на свадбата на својот внук во неговото родно село Зајас.
Со албанско знаме во раката и како ретко кога видно расположен, Ахмети уште еднаш покажа дека добро му оди водењето оро, и буквално, и фигуративно.