Ахмети: Воопшто не планирав да се вклучам во политика, тоа ми беше наметнато

Пред две децении, во 2001 година, првиот и досега единствен лидер на ДУИ, воопшто не планирал да се вклучи во политиката, но тоа „му било наметнато“, изјави Али Ахмети во гостувањето во „Click Plus“ на ТВ21, кое ќе биде емитувано вечерва во 21.30 часот.

Како што вели Ахмети, во 2001 година единствена цел му била да се подобрат правата на Албанците и за таа цел предложил координативно тело кое ќе ги следи политиките во таа насока. Но, откакао тоа тело не профункционирало, на состанок во штабот кај Ахмети дошле Арбен Џафери од ДПА и Имер Имери од ПДП.

„Ми рекоа: ‘г-дине Ахмети, направи своја куќа’, мислејќи на моја партија. Тогаш, поранешните борци на ОНА потпишаа писмо со кое бараа формирање на нова партија и така се формира ДУИ. Значи, ми беше наметнато да формирам партија“, вели лидерот на ДУИ, кој најави и дека до наредниот конгрес на партијата, за 3 години од сега, не размислува да се повлече.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

„Имаме многу работа до тогаш“, потенцира Ахмети.

- Реклама -