Груби: Македонија е моја татковина, бесмислени се барањата на Бугарија до Македонците

„Денес велам пред вас, Македонија е моја татковина и со сите министри во Владата, спикерот и сите функционери ќе се залагаме за земјава, за нашата заедничка држава“, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби, во денешното гостување во „Само интервју“.

Во однос на интеграцијата во ЕУ, тој оцени дека е потребна поактивна улога и поголемо присуство на САД на Западниот Балкан, бидејќи се создава дека ЕУ, без поддршката од САД, не може да ги реализира своите ветувања и да ја внесе државава во европското семејство.

На тема ветото од Бугарија, вицепремиерот истакна дека барањата на нашиот источен сосед се „бесмислени“.

„Бесмислено Бугарија да бара од Македонците до 1945 година да бидат едно, а после тоа да бидат нешто друго“, рече Груби.

- Реклама -