Како што соопшти Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти и 5 деца кои се позитивни на ковид-19, како и две мајки и две деца сомнителни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Согласно овие податоци, вкупниот број на болни и сомнителни пациенти на Ковид-19, во болниците низ државава, утрово изнесувал 291. Тоа претставува најнизок број на хоспитализирани од почетокот на „вториот бран“ наваму, кога се случи порастот и првпат беше надмината бројката од 300 пациенти во болниците, а во периодот од 20 до 28 јули трипати достигна 428.
Исполнетоста на болниците во целиот овој период се движеше вака: