Со 101 новозаразени во последните 24 часа, во кои не се вклучени податоците од лабораторијата во „Систина“, бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата се зголеми на 2.942.
Од нив, 1.699 се во главниот град. Втор е Тетово, со 325, а потоа следат Куманово – со 239, и Штип – со 210 активни случаи (*болест во тек) на Ковид-19. Дистрибуцијата по градови изгледа вака:
Скопје 1699
Куманово 239
Дебар 30
Штип 210
Прилеп 18
Тетово 325
Струга 90
Велес 32
Битола 11
Охрид 80
Кавадарци 6
Гостивар 54
Гевгелија 5
Струмица 7
Крива Паланка 5
Радовиш 0
Крушево 2
Кочани 26
Пробиштип 10
Демир Хисар 0
Македонски Брод 1
Пехчево 2
Берово 1
Валандово 4
Виница 0
Делчево 0
Кратово 2
Свети Николе 12
Кичево 5
Ресен 58
Неготино 8
Во главниот град, продолжува да расте бројката во критичните општини. Заклучно со вчерашнот ден (по завршување на епидемиолошките анкети може да има измена), во Чаир бројот на активни случаи на Ковид-19 се доближува кон границата од 400, а покрај оваа, уште пет скопски општини имаат над 130 активни случаи. Дистрибуцијата по општини изгледа вака:
Чаир – 384
Аеродром – 130
Бутел – 140
Гази Баба – 153
Центар – 133
Карпош – 114
Сарај – 130
Кисела Вода – 95
Ѓорче Петров – 77
Студеничани – 84
Шуто Оризари – 69
Арачиново – 55
Илинден – 30
Петровец – 12
Чучер Сандево – 12
Сопиште – 13
Зелениково – 2
Странец – 4
Нераспределен – 5