Најчевска: „Трите столба на груевизмот се: корупција, сиромаштија и неписменост“

Фејсбук статус на проф. Мирјана Најчевска:

„Трите столба на груевизмот се: корупција, сиромаштија и неписменост.
Не се работи само за корупција на оние кои се на власт туку за сеопфатна и секојдневна корумпираност на секој граѓанин во секоја ситуација.
Не се работи за обична сиромаштија туку за раширена и длабока сиромаштија која оневозможува користење на достигнувањата на 21 век.
Не се работи за обична неписменост туку за незнаење кое овозможува празноверие и ширење лажни вести и отсуство на капацитети да се преработат информациите и од нив да се извлечат заклучоци.
Само во вакви услови ЕУ заложбите и приклучувањето кон Евроазиски сојуз може да се третираат како рамноправни опции за избор.“

- Реклама -