Часовник од 800.000 евра е украден од Јапонец во Париз

На еден Јапонец во една луксузна населба во Париз му бил украден часовник чија што вредност се проценува на околу 800.000 евра, соопштил извор од полицијата.

30-годишниот јапонски бизнисмен останал без својот часовник во понеделникот кога тој пред својот луксузен хотел излегол да запали цигара, од каде што и му бил украден часвоникот кој што го носел на својата рака.

Кражбата се случила на тој начин што му пришол човек кој што побарал цигара, кражбата се случила во истиот момент. Потврдува еден од изворите кој што своите информации ги пренел за еден париски весник.

 

- Реклама -