Монти Пајтон прославија 50 години јубилеј

Серијата „Монти Пајтон“ започнува со емитување во октомври 1969 година и веднаш го привлекува вниманието на гледачите поради својот нестандарден хумор. Познатата хумористична серија, базирана на апсурд, цинизам и исмејување на секаков вид авторитет, беше снимена во 45 епизоди што се емитуваа во неколку циклуси од октомври 1969 до декември 1974 година.

Група британски комичари составена од Греам Чепмен, Џон Клиз, Тери Гилијам, Ерик Ајдл, Тери Џонс и Мајкл Палин. Групата се собира по повод снимањето на серијата Летечкиот циркус на Монти Пајтон, а заедно снимаат и четири долгометражни филмови, неколку музички албуми и низа театарски претстави.

Специфичноста на она што подоцна ќе биде наречено “Пајтон стил” се состои во создавањето на, на прв поглед, неповрзани и бесмислени скечеви кои неретко немале ниту крај, ниту карактеристичен почеток. Тоа било плод на необичниот начин на кој Пајтоновците работеле на своите скечеви: се групирале по двајца и потоа одлучувале што од она што го смислиле ќе влезе во емисијата.

Исто така важен дел од емисијата се и надреалистичките анимации на Тери Гилијам кои до денес се визуелен печат врз нивната работа.

Во текот на емитирањето на серијата, групата го снима и долгометражниот филм „А сега, нешто сосема различно“ (1971).

Поради желбите на британската јавност “за уште Пајтонизам” доведуваат до ново обединување на групата за снимање на филмот Монти Пајтон и Светиот Грал (1975) кој ја обработува легендата за Кралот Артур и кој (според табелата на IMDB, по оцените на корисниците) е 52ри најдобар филм на сите времиња.

Потоа следуваат уште два филма – „Житието на Брајан според Монти Пајтон“, филм за еден несуден пророк во времето на Исус и поледниот филм  „Смислата на животот“ (1983) кој е последниот голем проект на Пајтоновците.

Серијата стекнува голема популарност и е една од највлијателните хумористични серии во историјата. Долгометражните филмови стануваат култни и денес имаат огромен број обожаватели ширум светот.

Самото име “Монти Пајтон” и денес е симбол и персонификација на забавен и добар хумор.

- Реклама -