Шест причини зошто е подобро да имате добар развод отколку лош брак!

Истражувањата покажаа дека секој четврти брак завршува со развод. Иако сите ние сакаме среќен крај, тоа понекогаш не е можно. Разводот не значи прекинување на животот. Во некои случаи, разводот дури може да донесе  и убави работи.

1. Ќе имате поголеми можности да го запознаете „вистинскиот“

Кога сте во брак несвесно го избегнувате спротивниот пол, а тоа е поради страв од љубомора од вашиот партнер. На тој начин ја пропуштате можноста да се запознаете со многу топ луѓе со кои што би можеле да имате супер пријателство. Тоа и не е така лошо доколку сте во срќен брак, но доколку вашиот брак ве гуши, е тогаш ја пропуштате можноста да го запознаете оној “вистинскиот“.

По разводот шансите да го запознаете оној вистинскиот за вас се многу поголеми.

2. Целата енергија можете да ја насочите кон личниот раст и развој 

Ако со текот на времето престанете да водите внимание за себе, повеќе не се занимавате со вашето хоби, тоа значи дека сте се изгубиле себе си. Ако не се чувстувате убаво во бракот, а имате чувство дека вашиот партнер повеќе не ве подржува или ве заджува во исполнувањето на вашите лични планови, време е нешто да проментие.

Врати се на себе. Целата енергија можете да ја вложите во ваше задоволство во оној моментот кога ќе излезете од лошиот брак.

3. Ќе бидете посреќни

Со разводот ќе го изгубите вашиот сопруг, но за возврат ќе бидете среќни. Истражувањата покажале дека разведените луѓе се многу посреќни, отколку додека живееле во лоши бракови.

4. Вашите деца ќе бидат посреќни

Многу парови одлучуваат да останат во брак, токму поради децата, но тоа е голема грешка. Децата гледаат сè и слушаат сè. За нив не е лесно да живеат под притисок и напнатост и секојдневно да слушаат кавги и вообичаени коментари.

Оваа домашна ситуација може сериозно да ја уништи психата на детето и подоцна тоа да нема чувство што е здрав однос и добар брак.

 

Водете се по правилото: среќен родител, среќно дете!

5. Вашето здравје ќе се подобри

Лошиот брак го уништува здравјето на една личност. Постојаната напнатост, расправија, љубомора итн. Може сериозно да го оштетат вашето здравје. Истажувањата покажуваат дека живеењето во непријателска околина, предизвикано од лош брак, може да ви го уништи здравјето исто како алкохолот или хроничниот стрес на работа. Значи, ако не сте се разделиле со сопругот кој дефинитивно не ви е „подобра половина“, многу сериозни болести веројатно ве демнат. Дури и малите исекотини на рацете ќе заздрават 49% побавно ако живеете во несреќен брак.

6. Ќе изгледате поубаво

Иако можеби не сте започнале со никаква диета, но ќе изгледате подобро. Тајната е во вашата внатрешна трансформација што се гледа на вашата надворешност. Многу луѓе го менуваат изгледот по разводот, што додава на нивната убавина.

 

 

- Реклама -