Апасиев револтиран: Едно обвинителство, двојни аршини – затвор за неосудуван таксист, отфрлена кривична за адвокат на координатор на ДУИ

„Не е секогаш до законите, другари – некогаш е и до ЛУЃЕТО кои работат во ‘институциите на системот’. Оти нивната корумпираност и некадарност ја плаќаме сите – кој со пари, кој со здравје, кој со живот“, пишува Димитар Апасиев на Фејсбук, револтиран од, како што вели, „ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ на најрасипаниот орган во нашиот правосуден систем – Јавното обвинителство (особено ОЈО Скопје)“.

Тој спореди два случаи во надлежност на едно исто обвинителство, со цел да ја увери јавноста „до каква беда и мизерија се доведени сите начела на правото и Правдата на кои ги учиме студентите…“.

За првиот случај, Апасиев пишува:

Тоше – таксист од Велес, досега неосудуван, татко на млада девојка зaгинaтa во сообpaќajна нecpeќа во Србија, кој едвај крпи крај со крај возејќи низ градот, а кому не му било дозволено увид во списите на предметот за неговта ќерка, изреволтиран од тоа како се води постапката, на улица случајно ја сретнал обвинителката која постапува во предметот и наводно и рекол:

„ТИ ВАКА НЕМА ДА ПОМИНЕШ. ЌЕ МЕ ЗАПАМТИТЕ. ЌЕ ВИДИТЕ ШТО ЌЕ ВИ СЕ СЛУЧИ. ВАКА НЕМА ДА ВЕ ОСТАВАМ“.

За ова единствен сведок е сопругот на обвинителката!

Нејзина колешка од ОЈО Скопје – Елена Иваноска Миноска покренува кривична постапка против таткото за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“ со запретена полугодишна затворска казна – откако претходно истиот е филмски уапсен и претресуван од припадници на МВР и со лисици спроведен во Кривичниот суд Скопје, при што му се определени и мерки на претпазливост „забрана за приближување до оштетената“ (иако дотичнава обвинителка барала и мерка „притвор“).

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

За вториот случај, Апасиев пишува:

Мефаил Арслани – адвокат на координаторот на пратеничката група на ДУИ – Ејуп Алими, кој е обвинет од СЈО за уништување изборен материјал во предметот „Титаник 3“, во присуство на сведокот Фатиме Фетаи, на обвинителот кој го води неговиот случај Гаврил Бубевски, во судот, на самото рочиште, дрско и заканувачки им рекол:

„ТИ СИ НАША, МОЖЕ ЛЕСНО ДА ПОМИНЕШ, АМА НА ТОЈ КАУРОТ ЌЕ МУ ЈА РАСПЛАЧЕМЕ ФАМИЛИЈАТА“!

Надлежна обвинителка во истото ОЈО Скопје од претходниот случај – Спасенка Тумановска ја отфрла кривичната пријава со паушално образложение дека „делото за кое е пријавен адвокатот не е кривично дело кое се гони по службена должност“!? (повеќе инфо ТУКА).

„Сега ваљда сфаќате зошто е најтешко да предаваш право во бесправна држава која наликува на жива paнa полна со корупција“, констатира Апасиев. Тој ги повика и новинарите да престанат со „таа опасна ДЕПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА“, односно наместо општите називи на државните органи, да почнат да ги објавуваат имињата и презимињата на конкретните протагонисти, за да може јавноста да си направи, како што вели, свој ќелеш-тефтер.

- Реклама -