Работниците што ја закупија фабриката која беше во стечај – денес заработува милиони

Пред три години, 677 работници од трстеничката фабрика „Прва петолетка“ влошија секој по 60.000 динари, пари кои добиле од социјалната програма, и ја закупиле фирмата која била појдена во стечај. Основаа свое претпријатие, ги задржаа старите купувачи и клиенти и освоија нови пазари. Моментално фирмата има 900 вработени.

„Прва петолетка“ од Трстеник денес извезува 80 отсто од своето производство во 36 земји ширум цел свет. Од продажба на пумпи, цилинди, хидраулични брави и резервари, минатата година забележаа приход од 12 милиони евра, а чистиот профит им изнесуваше 500.000 евра.

„Важно е да се работи и да има што да се работи“, велат работниците. „Ако работиме, тогаш и ќе опстанеме“, додаваат.

„Условите се одлични. Сега имаме и греење. Работам веќе 36 години во оваа иста хала. Платата ни е редовна, значи ја добиваме секој месец на ист датум. Сè е во ред“, вели еден од вработените.

Најголеми клиенти на „Прва петолетка“ се компании од Русија, Белорусија и земјите од Европската Унија. Минатата година го освоија и пазарот во Алжир.

„Од самиот почеток, од пред три години, ние сме дел од Камаз и тој ни е главен купувач“, објаснува Велибор Дмитриќ, директор на производство во ДОО „Прва петолетка“. „На месечно ниво, тоа се 500.000 до 600.000 евра“.

За потребите на рускиот Камаз, месечно во Трстеник се произведуваат 4.000 рачни пумпи за подигање на кабините и резервните тркала.

„Многу сме заинтересирани за нов кадар, да ја подмладиме старосната структура во фабриката која сега е доста неповолна“, вели Љубисав Пантиќ, директор на ДОО „Прва петолетка“. „Овде работниците во просек имаат педесетина години и неопходни ни се млади работници кои ќе ја носат иднината на овој колектив“.

Минатата година тие примија 25 нови работници, а во моментов, во рамки на дуалното образование, 15 ученици од Трстеник се на пракса кај нив.

- Реклама -