Христина и Лазар со широка насмевка на лицата ќе се сеќаваат на свадбениот ден.
Една од најемотивните свадби, која ќе ве разнежни и ќе ви докаже дека вистинската љубов навистина постои.
Обожаваме вакви видеа кои ја враќаат вербата во љубовта, а овој пар дефинитивно потврди што значи вистинска и искрена љубов.
Парот со оштетен слух свадбениот танц го замени со специјална изведба на песната „Немир“ од Тоше и Каролина.
Младенците, кои потекнуваат од Битола и Неготино, на знаковен јазик го изведоа познатиот македонски дует.