Овој бездомник станал милионер и сега им помага на другите кои се нашле во иста ситуација

Иако звучи филмски и нереално, приказната за Хери Сандерс од Австралија и тоа како е реална. Исто така тој е и пример за тоа колку работите во животот може да тргнат на подобро.

Хери Сандерс на 17 години станал бездомник, а набрзо потоа застанал на свои нозе и станал милионер.

Ова младо момче од Мелбурн е основач и сопственик на компанијата „Studiohok“ чија вредност се проценува на 1.5 милиони австралиски долари.

Хери сака да им помага на луѓето кои се наоѓаат во слична ситуација како што се наоѓал тој, а за патот до успехот тој истакнува пет работи меѓу кои спиењето и неносењето одела.

„Најважно е да облечете нешто кое ќе ја истакне вашата личност. Никогаш не носам одела. Кога имам состанок или кога сум во канцеларија носам тоа што сакам и во кое се чувствувам пријатно“ – рекол Сандерс.

Тој смета дека е погрешно доколку едно 21-годишно момче, мислејќи на себе, носи скапи одела затоа што тоа дава погрешен впечаток и испраќа погрешна порака на другите луѓе.

„Многумина мислат дека неопходно е да работат цела ноќ за да постигнат успех. Не можете да се откажете од сонот поради работата. Јас секогаш спијам осум часа или повеќе за да можам да дадам сè од себе“ – изјавил тој.

Тој дал сè од себе и станал она за кое многумина од нас сонуваат да бидат. Но, неговиот пат од бездомник до милионер не е нималку лесен.

Во текот на животот на улица, спиел насекаде и престојувал насекаде, но првата ноќ му била најтешка.

„Не знаев каде да одам и што да правам. Поминав неколку вечери под мост. Се чувствував ужасно при самата помисла дека треба да барам помош од некој. Имаше многу проблеми, но секогаш се трудев да си обезбедам себеси храна“ – изјавил Хари.

Иако тоа беше најтешкиот период во мојот живот сепак тој вели дека од него многу научил.

„Имаше многу лоши моменти во тој период од мојот живот, но искуството на бездомник ме натера да созреам и да научам важни лекции за животот“ – изјавил Хари.

Бил упорен во намерата да постигне успех, па затоа тоа и го направил. Создал компанија која се занимава со оптиматизација на пребарување страници на интернет со цел тие да бидат што повидливи за корисниците, а работата ја проширил и во Лондон.

Хери за крај ги истакнал и петте работи кои ги смета како клучни за успех:

1. Облекувајте и носете тоа што го сакате.
2. Спијте најмалку осум часа.
3. Читајте што повеќе за работите кои ги сакате.
4. Бидете штедливи. Помалку трошете пари.
5. Пронајдете го значењето на вашето постоење. Ако барате само пари тогаш веројатно нема да успеете.

- Реклама -