Честопати се вели дека на родителите деновите им се долги, а годините кратки.
Ова прекрасно видео кое го освои светот, ги истакнува токму оние обични денови кои на мајките им изгледаат бесконечно долги, но истовремено покажува што тие им значат на децата.
Во чест на Денот на мајките, блогерот Естер Андерсон го креираше ова видео кое прикажува како изгледа еден сосема обичен, нормален ден, но од две перспективи – прво од онаа на мајката, а потоа и од страна на ќеркичката.
Додека мајката е уморна и исцрпена, обидувајќи се да постигне сè, пред очите ѝ се сите тешки и напорни моменти, додека спомените на нејзината мала ќеркичка покажуваат нешто сосема друго. Таа се сеќава само на убавите моменти од денот што изминал.
Она што нам, возрасните, ни изгледа сосема обично и нормално, за нив можеби е – магија. За нив, можеби, тоа бил најубавиот ден во нивниот живот.
Видеото ТУКА