Повеќе од 10.000 ученици и деца во Белгија вчера не беа на часови за да присуствуваат на протест против климатските промени.
Студеното време и дождот не ги спречи демонстрантите, а присутноста беше значително поголема од таа на минатонеделниот протест, пренесува AP.
Меѓу транспарентите на учениците се појави и ваков: „Бегаме од часови? Не. Се бориме за нашата иднина“.
Одредени училишта им го оправдаа изостанокот на учениците. Меѓу тие е и училиштето во кое директор е Патрик Ланксверт. Тој порача дека една од целите на образованието е да ја претвори младината во зрели личности.
„Со своите дела, покажаа дека се токму тоа“, изјави директорот за учениците што протестираа.
Учениците се надеваат дека ќе можат да продолжат со протестот секоја недела.
А кога сме на темата клима, младите и нивната иднина, едноставно не можеме да не потсетиме на ова:
15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ РАСПАЛИ ПО СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ (ВИДЕО)