Објавено видео од „играта“ со фрлање ученици од прозор

По вчерашната бура од реакции на веста дека 14-годишна ученичка од основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопски Аеродром била фрлена од соученици од прозор, денес на Фејсбук страницата е објавено видео од „играта“, за која директорот на училиштето изјави дека се игра веќе некое време.

„Вака изгледа „играта“ на фрлање деца низ прозорец во училиште во скопски Аеродром. Според коментари на социјалните мрежи, слични „игри“ има во повеќе други училишта“ стои во описот на видеото објавено на „Види вака“.

Прочитајте и:  Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
- Реклама -