Јапонија со категорично „НЕ“ за автономните автомобили

Националната полициска агенција на Јапонија забрани официјално тестови на целосно автономни автомобили на јавните патишта на земјата, објави весникот JapanTimes.

Причина за забраната се недостатоците на технологија, која според експертите од Јапонија се уште не се покажаа како сигурна и безбедна. Автономни автомобили ќе може да сообраќаат по патната мрежа на државата, само под услов да има возач кој би ја презел контролата при евентуален проблем. Исто така е неопходно овие автомобили да имаат црна кутија, како кај авионите, која ќе ги снима создадените софтверски и хардверски проблеми, така што тие можат да бидат подоцна анализирани и отстранети. Од агенцијата се категорични дека додека не бидат исполнети овие услови автономните автомобили нема да можат да се движат по патиштата на земјата.

Јапонците подготвиле и план за етапно имплементирање на патиштата на овие возила. Првично ќе бидат легализирани за тест автомобилите од категорија 1. Во неа спаѓаат автомобили со малку автоматизирани функции. Категорија 2 е за автомобили со автоматски управувачки системи, сопирачки и забрзување, а во категоријата 3 спаѓаат изведбите со целосно автономен режим, но условот е да има функција за рачно управување при евентуален проблем. Последната категорија е за автомобили, чие управување не треба возач. Овие возила немаат ниту педали ниту управувач.

Од Националната полициска агенција на Јапонија истакнуваат и за проблем за можни хакерски напади кон системите на автономните автомобили.

Автоплус

- Реклама -