До сега ги криеше…по 10 години објави приватни фотографии

Бијонсе е една од најголемите ѕвезди на денешницата, а сега со своите фанови сподели до сега невидени фотографии направени пред десет години.

Пред една деценија излезе нејзиниот прв самостоен албум „Dangerously In Love“ по што се одвои од групата „Destiny’s Child“. Тоа воедно е и најомилениот албум на нејзините фанови кои снимија видео посветено на нивната Queen B.

Бијонсе сега на нејзината официјална страна објави фотографии од пред десет години. Фотографиите ги потпишува Даниел Мос, а конечно може да видиме како било на снимањето на спотовите за песните „Crazy In Love“, „Me Myself and I“, „Baby Boy“ и многу други од овој албум кој е продаден во 11 милиони примероци ширум светот и кој ја понесе титулата Платинест албум дури четири пати.

- Реклама -