Додека светот сѐ уште е шокиран од смртта на 31-годишниот актер Кори Монтин, нови детали излегуваат на виделина.
Според E!, во хотелската соба на Кори во Ванкувер, каде што актерот беше пронајден мртов, пронајдени биле огромни количини непознати супстанци и алкохол.
Иако официјалните резултати од обдукцијата ќе бидат објавени на крајот на оваа недела, во јавноста полека излегуваат информации.
E! пишува дека Кори се забавувал со пријатели во дискотека во Ванкувер, а според снимките од безбедносните камери на хотелот околу 2 часот наутро актерот се вратил сам во собата.
Наводно истражните органи ги отфрлиле супстанците како причина за смртта, но постојат индиции дека станува збор за лекови за широка примена, па постои сомневање дека Кори имал проблеми со здравјето.
Ѕвездата од серијата „Glee“ во неделата беше пронајден мртов во хотелска соба во Ванкувер. За него тагува цел Холивуд, а особено колегите од серијата меѓу кои и неговата девојка Леа Мишел.