Новиот спот на Лана Дел Реј во соработка со „Јагуар“

lana-del-rey-jaguar-608x405

Соработката на пејачката Лана Дел Реј со британскиот произведувач на автомобили започна уште од минатата година. Како најава за претстојното специјално видео „Desire“ кое доаѓа од „Јагуар“, објавен е музичкиот спот за песната „Burning Desire“ во кој пејачката се појавува во Јагуар „F-тип“.

Спотот е најава за специјалниот филм кој ќе го режира Ридли Скот, а Лана во оваа прилика за нивната соработка изјавила: „Филмските ролји од секогаш ми биле посебно драги и сум многу горда што сум дел од визијата на Јагуар за нивниот нов автомобил“.

http://youtu.be/hNcGgGMXXTs

- Реклама -