Првиот Biz Triple Talks форум за модерен општествен развој, кој се одржа вчера (26.11) во Форца, помина во опуштена атмосфера, со многу интересни теми и одлични спикери.
Настанот кој за прв пат се одржува во Македонија опфати три теми: првиот дел беше наменет за Социјалното претприемништво и општествената одговорност, како дисциплини кои се делумно разбрани и подпросечно спроведувани од деловниот и невладиниот сектор. Вториот дел беше наменет за женското претприемништво, како развојна иницијатива толкувана низ економска, а не феминистичка призма. И третиот дел тематски беше насочен кон иновациите во повеќе области: уметност, мода, бизнис, дигитални медиуми и апликации и кон интер – приемачот, страна која ретко кога добива признанија на корпоративно ниво, иако игра клучна улога во развојот и оддржувањето на бизнисите.
На панелите свое обраќање имаат голем број на реномирани говорници од бизнисот и невладиниот сектор.
Покрај панел дискусиите своја модна ревија имаше и дизајнерката Олгица Ѓоргиева, поддржана од Inner Wheel Club од Скопје во соработка со здружението Борка, се одржа и модна работилница во организација на порталот Stylist.mk, а одлична завршница на ваков интересен настан беше и театарската изведба на Ајде да имаме секс на режисерката Теа Беговска.
Biz Triple Talks е во организација на ПР и маркетинг агенција Honeybiz и консултантската компанија Triple S Group.
Уживајте во фотогалеријата од одличниот форум, Biz Triple Talks.