Никој не ја сака куќата на Хитлер

 Австриската влада не успева да најде закупец за една куќа веќе доста долго време – домот, во кој се родил Хитлер.

Зградата стои празна од 2011 година.

Киријата е 6000 долари месечно, а површината – 830 квадратни метри.

Министерството за внатрешни работи се надеваше дека ќе ја претвори во образовен центар, но сопственикот на зградата стави вето. Во моментов министерството плаќа киријата, но се обидува да се ослободи од оваа обврска.

Иако Хитлер живеел тука само како мало дете, никој не ја сака куќата. Зградата се дава под наем само за „социјални или образовни активности”, за да се избегне опасноста да биде најмена од неонацисти, кои ќе ја претворат во нешто во нивен музеј.

На Министерството за сега не останува ништо друго освен да се надева дека ќе ја префрли на друго министерство во 2015 година.

- Реклама -