Маж со стил, кој се прослави на интернет

За почеток, Марсел Флорус не е просечен корисник на Инстаграм.

Далеку од тоа. Овој интересен Германец (23) после танчерската кариера, одлучил да се проба во модните води па започнал сопствен бренд  One Dapper Street.

Покрај официјалната страна на брендот, Марсел има повеќе од интересен Инстаграм профил  што спаѓа во највлијателните и посетени профили на популарната социјална мрежа. За тоа допринесол неговиот стил, но и фактот дека фотографиите изгледаат како да се „симнати“ од едиторијал на луксузен магазин.

Во што е неговата тајна?

Неговиот стил на облекување потсетува многу на џентлмените од постаро време ( Кери Грант, Грегори Пек, Рок Хадсон), но со модерен дух, кој најмногу се отсликува во носењето на интересни колоритни варијанти, текстура, свежи модели, ефикасен стил.

Кои се 5-те парчиња што секој маж треба да ги има во својот гардеробер?

„ Одело на дупло копчање, бела кошула, бела маица, кондури со боја на коњак“.

- Реклама -