Велат дека домот е онаму каде што припаѓа срцето, но за овој пар од Колорадо, домот е местото каде што е нивната мала – куќа на тркала.
Иако немале претходно градежно искуство, Кристофер Смит и Мерет Муелер решиле да создадат нешто свое. Малата подвижна куќа е дел од социјална кампања, која што го покренува прашањето за потрошувачката култура, наметнувајќи ја тезата дали големото е скогаш подобро?
Смит и неговата сопатничка го нарекоа овој проект „Приказна за да се живее малото“, која што ќе добие и филмувана везрија.
Во тизерот за филмот, Смит вели: „ За неколку месеци јас ќе имам 30 години и за прв пат размислив суштински. Се запрашав, што го сочинува добриот дом?“ Тој продолжува да раскажува како од 1970 година, просечната големина на домовите во САД двојно се зголемила.Поради тоа решиле да ја создадат својата „мала куќичка“.
По завршувањето со надворешноста, инсталирањето и боењето, тие започнале со монтирање на потребите во ентериерот.
Изгледа прилично пријатно, нели? Можеби сите ние пред да градиме, треба да се запрашаме кои се навистина нашите “потреби” и да се прилагодиме на нив.
Ништо не е новозможно, доколку се посака, истражи и создаде.