Македонската филхармонија и Младинскиот кулутрен центар со огромна чест ви обзнануваат: седмиот по ред мултимедијален спектакл ВИДИ МУЗИКА – СЛУШНИ СЛИКА – ДОБИЈ КНИГА, на 19.јуни 2104 година, со почеток во 21:00, во Градскиот Парк.
Како и секоја година, на концертот со оркестарот на Македонската Филхармонија, ќе се подарат 20.000 книги, и на огромни платна со димензии 12 х 3 метри, ќе имаме можност да го проследиме ликовниот меч на кој силите ќе ги одмерат етаблирани академски ликовни уметници. Годинава, со десетици литри боја, огромни четки, на огромните ликовни платна, еден спроти друг, ќе се ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов.
Менсур Бојда е роден во Брод-Гора, 1986 год.
По Средното Училиште за Применета Уметност во Скопје, продолжува на Академијата за Ликовни Уметности во Белград, прво во класата на Велизар Крстиќ, а потоа кај Слободан Роксандиќ, на сликарскиот отсек. Досега има седум самостојни изложби. Учесник е на повеќебројни групни изложби во Македонија и Европа. Добитник е на наградата Константин Мазев за сликарство на изложбата Мал формат 2013. Одговорен е за изработка на насловните страници на Македонскиот стрип Фацизам.
Владимир Симеонов, роден во Кочани 1985 година, завршува Средно Уметничко Училиште и Факултет за Ликовни Уметности во Скопје. До сега има реализирано четиринаесет самостојни изложби. Во 2011 година добитник е на наградата Петар Мазев од Друштвото на ликовни уметници во Македонија (ДЛУМ).