Децата мислат дека е подобро да одат во затвор отколку на училиште

Не сака баш секое дете да оди на училиште.Некогаш родителите му се закануваат дека ако не заврши со образованието, ќе заврши во затвор.

Далеку од тоа дека е подобро да се биде затвореник, но ова видео го сугерира спротивното.

Во него се изнесени неколку аргументи  како предност на затворот во однос на училиштето.

Една од нив би била и таа дека храната во затворите е подобра, бидејќи оброците во училишните установи не содржат месо, додека истото е задолжително во затворските порции.

Како и да е, намената на ова видео е да биде забавно, а не да ви всади таква луда идеја. На крајот на краиштата камо среќа кај нас за децата во училиштата да се сети некој на задолжителен здрав оброк.

Погледнете.

- Реклама -