Kои се идеалните фармерки според вашата градба?

Фармерките се модно класично праче кое вечно останува во мода. Доколку не сте сигурни кои фармерки ви одговараат, еве мала помош.

Ако имате изразени облини

Темниот џинс ги акцентира најмалку критичните делови на вашите нозе.  Доколку сте жена подигнете се на потпетици и облечете темен џинс, ќе добиете вистински ефект!.

 Ако сте крупни

Рамниот крој и темната боја се најдобрата комбинација во овој случај. Додадете ремен  и истакнете ја половината, бидејќи со тоа ќе го пренасочите вниманието од долниот дел.

Ако сте ситни

Џинс во боја, висока половина и тесни ногавици (цефка) ќе направат да пораснете  некој сантиметар.

Ако сте високи и слаби

Доколку сте со оваа градба, одберете фармерки кои ќе можете да ги подвиткате. Ставете ремен на колковите, не на половината.

- Реклама -