50 држави, 50 фотографи – САД низ портрети

intro_50_usa_foto.jpg Оваа година ќе ја запознаваме Америка преку 50 тамошни фотографи кои ќе добиваат задача на секои два месеци да ја илустрираат државата во која живеат преку својот уметнички израз. The 50 States Project ги здружи силите на 50 фотографи од 50 држави кои веќе ја изработија првата тема – „Луѓе“. Па видете како живеат жителите на Хаваи, а како на Аљаска.


Оваа година ќе ја запознаваме Америка преку 50 тамошни фотографи кои ќе добиваат задача на секои два месеци да ја илустрираат државата во која живеат преку својот уметнички израз. The 50 States Project ги здружи силите на 50 фотографи од 50 држави кои веќе ја изработија првата тема – „Луѓе“. Проектот трае цела година со два месеца издвоени за секоја тема. „People“ зададена на 2 јануари 2009 година е веќе завршен дел, а фотографите веќе работат на задачата „Habitat“. До крајот на годината ќе имаме 300 фотографии кои наместо знамиња ќе се покажуваат за да се открие талентот и изгледот на секоја од педесетте држави што ја сочинуваат САД.

Алабама
alabama-people.jpg

Боите на Алабама ги брани 21 годишниот Taylor Christian Jones кој го разбива стереотипот за државата во која живее сликајќи го Ruben Studdard, победникот на американскиот Идол во 2003 година.

Делавер
delaware-people.jpg
Chad States веќе три години живее во една од најмалите американски држави, Делавер. Крајбрежното место каде живее стана познато како дестинација на хомосексуални парови, од кои повеќето имаат моногамни врски што траат со децении. Самиот States е хомосексуалец и на својата фотографија ја овековечи љубовта на Bob и Terry кои се заедно веќе 32 години.

Ајова

iowa_sandydyas-people.jpg
Sandy Dyas е родена во Ајова и се` уште живее таму. За прво решение од овој проект ја одбра својата долгогодишна пријателка Joan чија фотографија во необична облека седната на тремот во близина на својата огромна градина ги отсликува нејзините дух, сила и убавина.

Прочитајте и:  Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Канзас
kansas_larryschwarm-people.jpg
Larry Schwarm пораснал на фарма во Канзас и вели дека неговата работа е пред се` инспирирана од минималистичкиот пејзаж во Канзас што го гледал во младоста. За овој проект одбра мало девојче кое продавало зајче. Кога се наведнала да го погали, ја ставило банкнотата од еден долар во уста, а кога Schwarm ја прашал дали смее да ја фотографира девојчето се исправило и ова е резултатот.

Мејн
maine_juliekuceris-people.jpg
Julie Kuceris која во Мејн живее последнава година решила да ја даде сликата на државата преку тројца големи момци со три мали кученца на фотографијата наречена Macho, macho men

Кентаки
kentacky_sarahlyon-people.jpg
Sarah Lyon постојано слика портрети и простори од Louisville во Кентаки на кои наидува додека се вози на својот мотор. Еден од нејзините комерцијални проекти е календар на жени автомеханичари, а за првата задача сега одбра младо момче сликано во распаднат брод на кој некогаш пишувало Just for fun како што е и насловена фотографијата.

Западна Вирџинија
west_virginia.jpg
На фотографијата на Jim Osborn е човек кој волонтира како водач на група извидници уште од април 1963 година. Неговата 45 годишна работа поттикнала многу млади луѓе да ја следат неговата добродушна природа.

Њујорк

new_york_naomiharris-people.jpg
Naomi Harris е родена во Канада, но живее во Њујорк од 1997 година. Мислевте дека сите луѓе во Њујорк се кул? На нејзината фотографија се наоѓа извидник кој има добиено 121 значка! 

Man Walking Through a Blizzard in Fargo на Dan Koeck за Северна Дакота
north_dacota.jpg

Ice на Katie Koti за Роуд Ајленд
rhode_island_katiekoti-people.jpg

Сите фотографии може да ги видите овде.

- Реклама -