Јувентус со предност против Лацио во Купот


Во првиот натпревар од полуфиналето на италијанскиот фудбалски куп, Јувентус на домашен терен го совлада Лацио со 2:0 (0:0) со головите на Киеза во 50 и Влаховиќ во 64 минута.

Откако пред четири дена, во своето тренерско деби на клупата на Лацио, хрватскиот стручњак Игор Тудор оствари минимална победа против својот поранешен клуб во Рим во првенството, на овој многу поважен натпревар доживеа пораз.

Сепак, Лацио ќе има шанса да го поправи овој пораз на 23-ти април, кога реваншот ќе го игра во Рим.

Севкупните победници од оваа полуфинална пресметка ќе се пласираат во финалето закажано за 15-ти мај во Рим, а противник ќе им биде подобриот од пресметката меѓу Фиорентина и Аталанта, кои првиот меч ќе го одиграат в среда во Фиренца, а реваншот на 24-ти април во Бергамо.

- Реклама -