Милевски: Целта е секогаш Македонија да победи!

СПОДЕЛЕТЕ

Македонија успешно ја мина првата пречка во новиот циклсу со победата против Малта на отворањето на евроквалификациите, па Фарски острови во пријателски меч утре треба да биде дополнителен тест за националниот тим во подготовката за јунските потешки предизвици во „групата на смртта“ во битката за Еуро 2024.

Иако Македонија ќе биде без тројца првотимци од мечот со Малта, зашто не се во комбинација Столе Димитриевски, Висар Муслиу, Ѓоко Зајков, македонскиот селектор Благоја Милевски најавува дека мечот е шанса да се наметнат и фудбалерите кои имаат помала минутажа за уште појасна слика за следниот период.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ