Тухел: Работите се случија многу брзо и изненадувачки

Томас Тухел денеска го потпиша договорот со Баерн Минхен до јуни 2025 година и ја имаше првата прес-конференција пред медиумите.
 

Германскиот стратег вели дека сѐ се случило многу брзо, тој очекувал кариерата да ја продолжи во странство, но добил изненадувачки повик од Баерн Минхен.

„Работите се случија брзо. Тајмингот беше изненадувачки, не очекував, немало контакт претходно. Мислев дека кариерата ќе ја продолжам во странство. Првото интервју беше во вторникот вечер“, вели Тухел.

„Можеме да ги освоиме сите титули. Баерн Минхен има состав кој би можел да се бори за титулата и во Премиерлигата, има квалитет и широчина во составот“.

- Реклама -