Легенда во Ф1 мора да плати 950.000 долари зашто го навреди Хамилтон

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Бразилецот Нелсон Пике мора да плати казна од 950.000 долари поради расистички коментари упатени кон возачот на Мерцедес и седумкратен светски првак, Луис Хамилтон.

Бразилскиот суд во петокот го казни Пике, кој во интервју во 2021 година употреби навредливи зборови за поранешниот светски шампион.

Избраничката на поранешниот возач му се извини на Хамилтон поради коментарите на Пике, но и покрај тоа Британецот не се откажа од тужбата.

Пике освои три титули во Ф1 во 1981, 1983 и 1987 година, а последната трка ја возеше во 1991 година.

- Реклама -