Медведев е прв финалист на Индијан Велс

СПОДЕЛЕТЕ

Рускиот тенисер Данил Медведев се избори за финале на Мастерсот во Индијан Велс, откако вечерва беше подобар од Франсис Тиафо со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 7-6.

Медведев го нападна сервисот на Тиафо уште во петтиот гем, кога не искористи три брејк-топки, но затоа конечно до брејк стигна во 11. гем, по што сервираше с 7-5 во првиот сет.

Русинот направи брејк на стартот на вториот сет и го чуваше водството до 10. гем, кога Тиафо израмни на 5-5, по што имаше уште по еден брејк на двете страни за победникот да се решава во тај-брејк каде што подобар беше Медведев со 7-4.

Медведев во финале ќе игра против победникот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Јаник Синер.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ