Лајпциг продолжува да меле и да му прави притисок на Баерн Минхен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лајпциг дојдоа до осмата победа во последните 11 меча во кои се без пораз (имаат и три нерешени), откако вечерва, на домашен терен во првиот меч од 18. коло во Бундеслигата, го совладаа Штутгарт со 2-1.

Унгарецот Доминик Шобошлаи беше јунакот во тимот на „црвените бикови“ со оглед што беше стрелец на двата погодоци, првиот во 25. минута, а вториот по нецели пет минути од второто полувреме. Фухрих во 68. минута од пенал донесе надеж за гостите, кои, сепак, немаа сили да дојдат барем до бод. Головите од оваа средба погледнете ги ТУКА.

- Реклама -