Дембеле ја однесе Барса во полуфинале (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Барселона со минимални 1-0 го совлада Реал Сосиедад и се пласираше во полуфиналето од Купот на Шпанија, Усман Дембеле беше стрелец на единствениот гол.

Работата за Барселона беше олеснета во 40. минута кога Мендез доби црвен картон, Реал Сосиедад остана со фудбалер помалку.

По седум минути игра во второто полувреме Дембеле од странична позиција биеше силно и постигна гол за водство на Барселона од 1-0 кое значеше и полуфинале.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ