МЗТ конечно експлодира – преку Мега до втората јадранска победа (ФОТО)

Кошаркарите на МЗТ Скопје по трите порази во низа, конечно дојдоа до вториот триумф сезонава во АБА-лигата, откако вечерва, по голема борба, ја совладаа Мега МИС (94-82) во меч од 8. коло од регионалното натпреварување.

Аеродромци клучната предност ја обезбедија со серија 11-2 во вториот период кога негативата од четири поени ја претворија во првото поопипливо водство (38-33) со кое го најавија крајниот епилог. Гостите до крајот на првото полувреме спуштија на минус два (38-40), но сино-белите со нова слична серија го почнаа третиот дел од мечот, но овој пат со 9-2 дојдоа до 49-40.

- Реклама -