Муареми: Ако Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја повика јавната обвинителка Вилма Русковска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал, да ги докаже и на јавноста да ѝ пласира обвинителен акт против него, а не празни и, како што вели, неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува.

Во пишана реакација до медиумите на изнесените ставови на Русковска, Муареми посочува дека негонење на криминал поради притисоци претставува кривично дело.

„Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за ‘помош’- нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има“, вели Муареми.

Улогата на еден јавен обвинител, посочува тој, најмалку од сѐ е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец.

„Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета“, стои во пишаната реакција на Муареми.

- Реклама -