Зеленски: Западот остава впечаток дека во Украина утре ќе избие војна, но тоа не е така

Киев, 28 јануари 2022 (МИА) – Западот остава впечаток дека во Украина утре ќе избие војна, но тоа не е така, изјави претседателот Владимир Зеленски.

Украина трпи економски загуби како последица на паниката поради ситуацијата на границата со Русија. Претседателот повика на „многу одмерени“ изјави за можна војна меѓу Русија и Украина, особено затоа што војната од целосен обем нема да биде ограничена само на Украина. Според него, доколку Русија одлучи да ја нападне Украина, ниту една земја нема да ја заштити украинската територија.

Украинскиот претседател го изрази своето незадоволство што западните земји ја сменија својата реторика за енергетската безбедност на земјата.

„Погледнете колку брзо се менува реториката на западните земји. За енергетската безбедност на нашата земја веќе никој не зборува. Сега велат – за каков ‘Северен тек 2’ може да стане збор доколку има ескалација? Ова е еден вид хибридна војна“, нагласи Зеленски.

Тој го коментираше и одбивањето на Германија да испорача оружје на Украина. Според него, важно е да се пружи помош кога е потребно.

„Ова е сериозен сигнал и предизвик. Не сакам Германија и нејзините граѓани да го почувствуваат тоа што ние го чувствуваме“, рече Зеленски.

- Реклама -