Белгија: Заболените од Ковид нема да имаат приоритет во болниците ако надвладее омикрон

Брисел, 11 јануари 2022 (МИА) – Ова е содржината на документот на белгиското министерство за здравство испратено до болниците: доколку сојот омикрон стане мнозински пациентите заразени со Ковид-19 нема да се третираат приоритетно.

Информацијата ја објави белгиската новинска агенција Белга.

Според документот, доколку сојот омикрон стане мнозински и претставува преголем товар врз здравствените установи, пациентите заразени со Ковид-19 нема веќе да имаат приоритет.

Белгија се соочува повторно со рекордни бројки на новозаразени откако сојот омикрон влезе во земјата иако стапките на починати и на хоспитализирани на интензивна нега не се толку високи како за време на првите бранови.

Но министерството за здравство објави стратегија во случај на најлошо сценарио на нов бран поради омикрон. Овој итен план доколку се дојде до трета фаза, односно висок притисок во болниците, веднаш би се активирал.

Документот не е јавно објавен, но циркулира веќе во сите медиуми.

За време на првите бранови од Ковид бројни пациенти со разни болести се најдоа без соодветна грижа поради фокусот врз болните од Ковид-19.

Моменталната состојба предвидува 50 отсто од креветите на интензивна нега да се резервираат за болни од Ковид-19, доколку се влезе во итна фаза оваа стратегија ќе се укине и здравствените работници ќе треба повторно да се грижат максимално за сите пациенти, не само оние болни од коронавирусот.

-Не можеме повеќе да ставаме толку средства на располагање за едно лице, ќе етаблираме список на приоритети за фазата три, ако дојде до тоа само лицата со итни проблеми ќе бидат примени во болница, изјави претседателот на комисијата при министерството за здравство, автор на стратегијата.

- Реклама -