GoNet гради една од најнапредните оптички мрежи во Скопје, прва од таков тип во државата

Потребата од електронски мрежи за комуникација со многу висок капацитет веќе е неспорна, но пандемијата на ковид-19 и зголемениот обем на далечинско работење, школување, видео конференции и деловна комуникација – кој произлезе од неа, уште повеќе ја потенцираат неопходноста од големи брзини за пренос на податоци. Така стигнуваме до новиот национален телекомуникациски оператор – GoNet од Скопје, кој, преку својот проект поддржан од страна на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), почна со имплементација на 10Gb/s Ethernet – решение што на пазарот ќе овозможи поефикасно и напредно работење.

Се работи за млада компанија специјализирана за обезбедување на комуникациски услуги за бизнис секторот и напредни и сигурни телекомуникациски сервиси, како и професионални IT решенија за широкопојасен интернет пристап, етернет приватна линија, IP VPN услуга, VoIP телефонија и менаџирани хостинг услуги. Тимот е составен од млад кадар на системски инженери кои ги следат светските трендови и достигнувања од областа на телекомуникациите и IT индустријата и е подготвен да одговори на секакви предизвици.

Како што истакнува управителот на компанијата – Владимир Стојковски, една од предностите на GoNet е токму тоа што се работи за понов телекомуникациски оператор кој не е оптоварен од користење на застарена технологија што веќе не е во употреба и оттаму не се соочува со пречки во поглед на миграцијата кон најнова технологија и тип на опрема, а притоа ниту со пречки од типот на потребата да се направи прекин на постоечките корисници.

Што прави и што нуди GoNet?

Стручниот тим на GoNet и Марсис Дата Инженеринг градат една од најнапредните оптички мрежи со „прстен“ (ring) топологија во Скопје, со подземна инфраструктура низ целиот град. Со планираната инвестиција и зголемувањето на постоечкиот капацитет од 1Gb/s на 10Gb/s до корисник, таа станува прва мрежа од ваков тип во државата – со „mesh“ топологија низ повеќе „PoP“ точки на клучни локации низ градот, со тенденција за унапредување на комуникациските можности на градот, потенцира Стојковски.

Надградбата на мрежата е започната во септември годинава и ќе трае една година, односно до септември 2022 година ќе треба да биде предадена во употреба. Сепак, од GoNet планираат истата да биде активна набрзо, веќе на почетокот на 2022 година, за да имаат време за тестирање.

„Се работи за загарантирана достапност изведена со дедицирано оптичко влакно до корисник, за разлика од GPON технологијата каде едно оптичко влакно се дели на повеќе корисници. Со ова нашите корисници добиваат услуга која е на повисоко ниво и директен пристап до интернет со статичка IP адреса. На овој начин можат да се постигнат поголеми брзини и загарантирана достапност на клиентот. Ова е услуга во која се закупува брзина (bandwidth), не е ограничена со трансфер на податоци, и е наменета за средни и големи бизнис корисници со која добиваат поголема професионалност. Нашата иновативност во овој дел е зголемувањето на можниот закупен опсег до брзина од 10 Gb/s“, објаснува Стојковски.

Според него, ваков тип на услуга е многу важна за сите државни институции и големи бизнис корисници кои располагаат со повеќе експозитури или ограноци на компанијата, бидејќи податочното поврзување помеѓу ограноците и централата е од особено значење. Тој го посочува примерот со големите корпорации, кои работат со интерни системи за пренос на податоци кои се изолирани од интернет.

Токму тоа, односно безбедноста и можноста сите корисници (и централата и експозитурите) да можат да повлекуваат податоци од локалниот сервeр на компанијата (со 10Gb/s) кои се во околина изолирана од интернет и со тоа не можат да бидат мета на хакерски напад, е уште една од главните предности на мрежата на GoNet, покрај брзината, потенцира Стојковски.

Со таквата приватност но и стабилност и загарантирана достапност на мрежата во секој момент (до 99.99% на месечно ниво), како и тим кој постојано ја следи технологијата за пренос на податоци и е подготвен да одговори на секој предизвик, а притоа е и флексибилен и секогаш фокусиран да ги пресретне потребите и барањата на корисниците, GoNet секогаш може да изработи техничко решение според потребите на клиентот, без услови, и отворена е за секој пазар и соработка со сите субјекти кои имаат потреба од ваков тип на поврзување, велат од компанијата.

* Текстот е објавен во соработка со GoNet

- Реклама -