Ниту еден од автобусите на „Беса Транс“ не бил електронски евидентиран, системот таа вечер работел бавно – тврдат цариниците

СПОДЕЛЕТЕ
Фото: Илустрација (* автобусите на сликата не се нужно истите за кои се зборува во текстот)

Исто како и автобусот кој изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија, така и останатите три автобуси на „Беса Транс“ кои биле дел од турата до Турција, вечерта на 18 кон 19 ноември поминале на граница без да бидат електронски евидентирани во системот, изјави за „ТВ24“ директорката на Царинската управа – Славица Кутиров.

Тоа, вели Кутиров, е уште еден показател дека постоело одредено несовесно постапување, бидејќи врз основа на потребниот сет документи кои превозникот е должен да ги приложи, а од кои дел се чуваат, службениците требало да извршат евиденција во системот согласно процедурата.

Сепак, според неа, тоа не значи дека службениците не побарале извод за лиценца, што е дел од тој сет документи. Напротив, посочува таа, тие тврдат дека го побарале, но и дека системот таа вечер работел бавно и не успеале да извршат евиденција.

Кутиров, исто така, изјави и дека при излез од земјава, во кобниот автобус биле евидентирани 52 патници, од кои еден бил возач. Целата изјава ТУКА.

- Реклама -