„Беса транс“ демантира дека автобусот шверцувал нафта или пиротехника

СПОДЕЛЕТЕ

Туристичката агенција „Беса транс“ – Скопје, на својот Фејсбук профил, објави дека нивниот автобус кој изгоре во сообраќајната несреќа не шверцувал бензин или пиротехника и апелира до медиумите да не се шират шпекулации што ќе ѝ наштетат на истрагата.

„Како агенција ги информираме семејствата на починатите и повредените во трагедијата дека автобусот во никој случај немал багаж за шверц на нафта, бензин или пиротехнички средства. Сите овие шпекулации се злонамерни. Вкупниот капацитет на автобусот беше 450-500 литри нафта за самиот автобус, а во никој случај немаше резерва за шверцерски цели. Уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ги користат овие дезинформации“, објави Агенцијата на Фејсбук.

- Реклама -