Заев: Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари, да се обединиме да продолжи економскиот раст

СПОДЕЛЕТЕ

„Во овие четири години поставивме високи економски стандарди, минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а до пред четири години тaa беше девет илјади денари“, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред денешната трибина со граѓаните во Кочани.

„Согласно економските движења и растот на економијата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра. Тоа е логична претпоставка имајќи предвид дека растат платите во сите сектори, дека расте просечната плата во континуитет. Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари, што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година, Тоа е правецот во кој треба да се движи нашата земја, нашата економија и нашето општество. За да се одржи тој континуитет, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството, треба да се избере опцијата која води напред“, истакна Заев.

Заев додаде дека Кочани е важен град во источниот регион на државата, центар на македонскиот Исток и затоа е важно да продолжи по вистинскиот пат. Општината и градот ќе се развиваат и напредуваат само со градоначалникот Николчо Илијев, со СДСМ и Коалицијата, поради што ги повика граѓаните да гласаат за бројот 12, за да продолжи напредокот.

МИА

- Реклама -