Светската рекордерка на 10 километри, Агнес Тироп, избодена до смрт на 10 дена пред да наполни 26 години

СПОДЕЛЕТЕ


Најроби, 13 октомври 2021 (МИА) – Трофејната кениска атлетичарка Агнес Тироп е пронајдена мртва во нејзиниот дом во градот Итена.

Од Кениската атлетска федерација објавија дека Тироп е пронајдена со убодни рани од нож во пределот на абдоменот, додавајќи оти извршител на убиството е нејзиниот сопруг.

Кениската полиција, засега, не ги потврди овие наводи.

Тироп, која на 23 овој месец требаше да го прослави својот 26 роденден, ја освои титулата светски првак во крос во 2015 година, а беше бронзена на трките на 10.000 метри на светските првенства во 2017 и 2019 година.

На летните Олимписки игри во Токио го освои четвртото место на 5.000 метри.

Со време од 30,01 минути Тироп го држи светскиот рекорд во улична трка на 10 километри во женска конкуренција.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ