Арсовски: Фон дер Лајен беше прецизна дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ

СПОДЕЛЕТЕ

Скопје, 29 септември 2021 (МИА) – Претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен, вчера беше прецизна дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија. Таа од Скопје ја испрати пораката за силна поддршка, оддаде призание за постигнатиот напредок во реформите и рече дека е ангажирана на тоа до крајот на оваа година Северна Македонија да ги почне преговорите за членство, истакна владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање, кој е ставот на Владата, откако утрово министерот за надворешни работи Бујар Османи во „Утрински брифинг“ рече дека „пораката од Брисел не е добра“, цитирајќи ја вчерашната изјава на Фон дер Лајен, нагласи дека со сѐ што постигнавме, Владата смета дека тоа е целосно заслужено и дека тоа ќе биде најдобра потврда дека политиката на проширување на Унијата не е само декларативна.

- Реклама -