„Фајзер“ почна тестирање на орален антивирусен лек против ковид-19

СПОДЕЛЕТЕ

Вашингтон, 27 септември 2021 (МИА) – Компанијата Фајзер денеска објави дека почнала големо истражување во кое тестира орален антивирусен лек за да спречи инфекција со Ковид-19 кај лица кои биле изложени на вирусот, пренесуваат британските медиуми.

Истражувањето од средината до доцната фаза ќе го тестира лекот на Фајзер PF-07321332 врз најмногу 2.660 здрави возрасни лица, на возраст од 18 и повеќе години, кои живеат во исто домаќинство со лица со потврдена симптоматска инфекција со Ковид-19.

Лекот PF-07321332, според соопштението на компанијата, е дизајниран да ја блокира активноста на клучниот ензим потребен за репродукција на коронавирусот, заедно со ниската доза на ритонавир, постар лек кој е широко користен во комбинирани третмани за ХИВ инфекција, пренесуваат британските медиуми.

- Реклама -