Шахпаска: Во време на пандемија успеавме да ги зголемиме пензиите и да ги исплаќаме предвреме

Пензиската реформа со која пензиите ќе се усогласуваат и растат во јануари и јуни согласно растот на трошоците и дали мало или големо не коментираме, но тоа е согласно закон согласно растот на просечната и минималната плата без оглед кој е министер за труд и социјална политика, а кон крајот на годината ќе се отвори расправа за да се пресмета начинот на усогласувањето на пензиите со цел да се зголеми пензионерскиот стандард. Ние за поддршка на граѓаните доделивме по 6.000 денари на сите пензионери кои имаат пониска пензија од 15.000 денари а ги исплаќавме и пензиите порано, рече во гостувањeто на „Утрински брифинг“ министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

„Законот за социјална заштита имаше две основни цели: да се намали бројот на граѓани кои живеат на раб на сиромаштија и да се намали бројот на невработени граѓани. Сите мерки кои беа искреирани… гарантирана минимална помош е зголемена од 3.000 на 12.000 денари, бројот на граѓани кои влегоа во оваа категорија од 27.000 граѓани на 35.000 граѓани бидејќи ги спуштивме критериумите за да можат граѓаните да го премостат овој предизвик на пандемијата, детски додаток земаат 22.000 деца, социјална пензија од 6.000 денари ја користат над 9.000 корисници… овозможивме да не живеат на раб на сиромаштија. Целта е да се живее подобро“, рече Шахпаска.

- Реклама -