Пендаровски се обрати на знаковен јазик: Да помогнеме наши глуви и наглуви сограѓани да ги премостат бариерите во комуникацијата со институциите (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

„Да им овозможиме непречен пристап до знаковниот јазик и услугите на знаковен јазик на сите наши глуви и наглуви сограѓани“, порача со знаковен јазик шефот на државата Стево Пендаровски, честитајќи го Меѓународниот ден за знаковниот јазик на сите глуви и наглуви граѓани.

„Да помогнеме да ги премостат бариерите со кои се соочуваат во комуникацијата со институциите. Да не заостануваме зад светот во унапредување на знаковните јазици како дел од јазичната и културната разновидност“, напиша на Фејсбук претседателот Пендаровски.

- Реклама -