„ТВ24“: Обвинителството со налог за „градежно вештачење“ на модуларната болница во Тетово, ќе се проверуваат материјалите

СПОДЕЛЕТЕ
EPA-EFE/Georgi Licovski

Истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој за само неколку минути трагично загинаа 14 лица, сѐ уште е во тек, а во неа ќе се вклучи и Технолошкиот факултет, објави „ТВ24“.

Експерите од факултетот ќе извршат „градежно вештачење“ на објектот, под што се подразбира вештачење на материјалите од кои е изградена болницата според проектот, нивните хемиски својства, но и дали истите се според пропишаните стандарди, објасни професорот и архитект Мишко Ралев. Повеќе ТУКА.

- Реклама -